По разводот со манекенката Даниела Димитровска, српскиот водител Огњен Амиџиќ (47) стапил во врска со својата колешка Мина Наумовиќ, која го води делот „Пази Мина“ во неговата емисија „Амиџи шоу“.
Амиџиќ ја потврди врската со колешката Мина, која е речиси 20 години помлада од него.
Од првата епизода од новата сезона, кога се приклучи на тимот на Амиџиќ, Мина ги привлече сите погледи поради нејзиниот атрактивен изглед.
„Да, имам нова девојка, во врска сме. Нашиот договор е дека нема да зборуваме за тоа јавно“, истакна Амиџиќ.
Недолго откако беше објавено дека водителот, откако се разведе од 12 години помладата манекенка, со која има син, започна романса со Мина, следбениците на социјалните мрежи почнаа да ги споредуваат двете убавици.
Мина изгледа доста атрактивно, а на социјалните мрежи неретко објавува фотографии од нејзините патувања.
ФОТО: Инстаграм