More

    Актерот излегол намрштен од вилата, се шпекулира дека се разведуваат

    spot_img

    Бен Афлек за првпат ја посетил сопругата во нивниот дом, а судејќи по изразот на лицето, не бил задоволен што морал да дојде.

    И покрај напорите на Џенифер Лопез да го убеди целиот свет дека сè е во ред со нејзиниот брак, се чини дека фотографиите и другите „докази“ сепак зборуваат повеќе од 1.000 зборови. Така, парот извесно време не можеше да се види заедно, ниту пак се појави на некои поголеми настани.

    Се шпекулира дека не живеат заедно подолго време и дека нивниот заеднички дом е ставен на продажба, а дека работите не се добри било јасно кога латино дивата ја откажала својата турнеја поради „семејна ситуација“.

    Сега Бен за првпат е фотографиран пред домот кој го дели со Лопез, а таму поминал само четири часа. Кога пристигнал, бил видно нервозен, црвен во лицето и не ја гасел цигарата.

    Не изгледал ништо подобро ниту кога ја напуштал вилата, а поради неговиот мрачен израз на лицето можело да се заклучи дека средбата со сопругата не поминала лесно.

    Парот наводно побарал и помош од психолог за да ги реши проблемите, но засега нема напредок на тој план. Како што тврди изворот, големи се шансите сепак да дојде до развод.

    „Џенифер Лопез и Бен Афлек живеат одвоени животи, но официјално сè уште не се разделиле. Секој си го прави своето. Тие влегоа во нивната врска многу оптимистички и мислеа дека ситуацијата може да се промени, но тоа не се случи”, изјавил упатен извор за Е.Т.

    Како што наведе порталот „Пејџ сикс“, извори блиски на оваа холивудска двојка изјавиле дека куќата, која ја купија минатата година, е огласена за продажба на веб-страница на агенција за недвижности, за која бараат 65 милиони долари.

    Имено, Бен веќе се иселил од вилата, а Џенифер веќе извесно време бара нова куќа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img