Дали знаевте колку доброто чоколадо влијае на нашиот мозок?
Кој не сака чоколадо? Многумина велат дека тоа им помага да се чувствуваат подобро и да се релаксираат. Исто така, докажано е дека чоколадото ја подобрува функцијата на мозокот.
Едно истражување покажа дека чоколадото може да ја подобри когнитивната функција. Редовното консумирање на супстанции кои се наоѓаат во какаото може дури и да заштити од когнитивно опаѓање кое се јавува со возраста, пренесува Danas.rs.
Истражувачите откриле дека редовното консумирање чоколадо е поврзано со когнитивната функција независно од другите навики во исхраната.
Колку почесто се консумира чоколадо, толку подобри се резултатите на когнитивните тестови, вклучително и визуелно-просторна меморија и организација, работна меморија и апстрактно расудување.