Привремено запрен комерцијалниот информациски систем

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Информациските системи на поштата на Грција, синоќа биле мета на хакерски напад, а од превентивни и безбедносни причини, целиот дата центар на компанијата денеска е вон функција, јави дописничката на МИА од Атина.

Од поштата соопштија дека постоела навремена реакција со што се ограничило и спречило ширењето на нападот, а веднаш биле информирани надлежните владини органи, како и со ИТ компаниите специјализирани за сајбер безбедност.

„Од превентивни и безбедносни причини и додека не се завршат сите потребни активности, одлучено е да се изолира целиот дата центар на компанијата. Затоа најавуваме привремен прекин во работата на комерцијалниот информациски систем на сите пошти“, соопштија од грчката пошта.

Share This Article