Британското Министерство за одбрана објави нови оперативни информации за руската инвазија на Украина.Велика Британија тврди дека Киев останува главниот фокус на руските сили и дека може да се очекува нов притисок врз украинскиот главен град во наредните недели.
„Жестиот украински отпор беше одбиен од руските сили кои напредуваа од правецот на Хостомел кон северозапад. Мнозинството руски сили се уште се на повеќе од 25 километри од центарот на градот (Киев)“, тврдат Британците.
Во својот последен извештај, Министерството за одбрана тврди дека продолжуваат тешките борби северно од главниот град, но дека рускиот напредок во таа насока е запрен.
„И покрај континуираниот недостаток на напредок, Киев останува примарна воена цел на Русија и тие најверојатно ќе се обидат да го опколат градот во наредните недели“, се вели во извештајот.