More

    Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван попладнево во штипското подрачје

    spot_img

    Околу 16.30 часот земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван во штипското подрачје.

    –  Денеска е регистриран земјотрес 71 километри источно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Св. Николе – Штип. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 16 часот и 21 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.5 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Штип и околината – информираат од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

    Ова е втор земјотрес за краток период откако вчера утрото околу 3 часот по полноќ земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван во штипското подрачје.

    Земјотресот беше со епицентар на 2 километри северно од Штип, на 72 километри источно од Скопје и на длабочина од 1 километар.

    Според податоците од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот потекнува од епицентралното подрачје Св. Николе-Штип и е почувствуван од населението во Штип и околината.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img