More

    Утре замрзнуваат цените на оризот и на јајцата

    spot_img

    Цените на оризот и на јајцата утре ќе замрзнат на ниво на една од цените која важела во текот на март, а цените на шеќерот и на брашното засега нема да се замрзнат и ќе им се даде можност на производителите да ги намалат цените бидејќи е почнат тренд на намалување. Доколу во наредниот период нема да се намалат цените на шеќерот и на брашното тогаш владата ќе донесе и нова мерка за замрзнување на овие цени. Ова денеска го соопшти министерот за економија Крешник Бектеши.

    Бектеши рече дека засега нема да има забрана за извоз на јајца бидејќи во регионот имаме најниска цена на овој производ, но ќе се утврдат количините на јајца што ќе можат да се извезат.

    – Ние утре нема да ја замрзнеме само цената, туку ќе го утврдиме процентот на производство на јајца кое може да се извезе одосно ќе ги ограничиме количините за извоз – рече Бектеши.

    Тој информира дека со дневното производство на јајца ќе бидат задоволени потребите на граѓаните, но не кажа колкаво е дневното производство на јајца.

    -Тоа ќе го оставам на производителите да го кажат иако ние како Министерство имаме точна бројка- рече Бектеши.
    Бектеши информира дека производителите на месо ги намалуваат цените на месните производи и засега нема да има замрзнување на цената, но ќе се прави анализа.

    – Сакам да ги поздравам некои од домашните компании кои уште пред март почнаа да ги намалуваат цените. Ние и ги посетивме. Цените на месните проиозводи кои се увезуваат ќе биде една од наредните мерки што ќе се анализираат од страна на Министерството за економија – информира Бектеши.

    Тој информира дека засега нема да има замрзнување на цените на зеленчукот и на овошјето.

    – Треба да бидеме внимателни во однос на овошјето и зеленчукот бидејќи министерот за економија немаме доволно податоци за влезните трошоци, ако Министерството за земјоделство ги има ние тогаш ќе направиме анализа и за овие прехранбени производи. Ние треба точно да знаеме колку е производната цена на секој од овие земјоделски производи. – рече Бектеши.

    Бектеши и денеска соопшти дека минималната синдикална кошничка од август пресметува двапати инфлација и поради тоа не треба да се прави споредба со колку минимални плати може да се покрие оваа кошничка.

    – Две ипол минимални плати се потребни да се покрие основната минимална кошничка, а од март ќе бидат потребни помалку од две минимални плати за да се покрие синдикалната минимална кошнички – рече Бектеши.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img