Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека денешниот телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и германскиот канцелар Олаф Шолц „тешко дека може да се нарече пријателски“.
-„Денеска беше сложен, но апсолутно работен телефонски разговор меѓу Путин и Шолц. Тој тешко може да се нарече пријателски. Остар разговор, се разбира“, им рекол Путин на новинарите, одговарајќи на прашањето на новинарите во каков тон се одвивал разговорот, пренесе Тасс.
Според него, се уште има потреба од такви контакти, во размена на информации и разгледување на жешки теми поврзани со „специјалната операција“.
„Кој треба да биде на чело на Русија треба да одлучи рускиот народ, а не канцеларот Шолц“, додаде Песков.