Овој намаз е лесен за подготовка и многу вкусен.
Состојки:
– 1 конзерва наут (400 гр, измиен)
– 2 авокадо
-1 чешне лук по желба
– 1 лимета (сок)
– 2-3 млад кромид
– сол, бибер, малку лута пиперка издробена
Подготовка:
Наутот се става во блендер и се меша малку, се додава „месото“ од едно авокадо, сокот од лимета и младиот кромид, па се продолжува со мешање.
Префрлете го во садот во кој претходно со вилушка сте го испасирале второто авокадо. На тоа додадете мелено лукче.
Потоа додадете бибер, сол и по желба лута мелена пиперка.
Сè нежно измешајте и послужете со тост леб.