More

    Претепан Јанис Варуфакис, поранешниот грчки министер за финансии е пренесен во болница поради повредите

    spot_img

    Грчкиот економист, основач и лидер на левичарската партија Европски реалистичен фронт за непослушност (MeRA25) и поранешен министер за финансии, Јанис Варуфакис, бил нападнат и претепан од група луѓе во познатата атинска населба Егзархија, пред ресторанот каде што тој седеше со пријателите.

    Според првите информации, група луѓе му пришле на Варуфакис кој седел во ресторанот, почнале да го навредуваат и туркаат и на крајот физички го нападнле, пренесува порталот Катимерини.

    Еден напаѓач го удрил Варуфакис по лицето, нанесувајќи му повреда која го однела во болница каде му била дијагностицирана скршеница на носната коска.

    Партијата на Варуфакис МеРА25 објави дека тој бил подложен на „храбар фашистички напад“.

    „Денешната епизода нека послужи за потсетување на оние кои намерно ја продаваат лажната и клеветничка приказна што ја користат денешните насилници. Им велиме: не се плашиме, не сме срамежливи, не отстапуваме. Во темница одговараме со еден збор: ДЕН“, се наведува во соопштението на МеРА25.

    Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис го осуди нападот врз Варуфакис и посочи дека насилството не може да се толерира.

    – Нападот врз господинот Варуфакис е апсолутно за осуда и нашата Република не може да го толерира. Му посакувам брзо закрепнување и сигурен сум дека грчката полиција ќе направи се за да ги изведе сторителите пред лицето на правдата – напиша премиерот во својата објава.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img