More

    Стојаноски: Државниот секретар на САД предупреди од подмитување од кинески фирми при зделки!

    spot_img

    Артан Груби се избламира себе, а ја избламира и Македонија, бидејќи за надзор на изградбата на Коридорите 8 и 10, прво избрал руска фирма, а сега кинеска, тврди ВМРО-ДПМНЕ.Надзорот над американската Бехтел во Македонија заради Груби ќе го врши кинеската ЕПТИСА, која од 2016 година е во целосна сопственост на кинеската ЈСТИ Груп, а од 2022 година целиот врвен менаџерски тим е составен од Кинези.

    Па така, Шаонин Жу е потпретседател на бродот на директори на Ептиса, Чао Ванг финансиски шеф на Ептиса и Јиран Меи менаџер на Ептиса се раководниот кадар на спорната компанија за која владата иако велеше дека е криминална ја одбра за надзор на проект вреден скоро 2 милијарди евра, тврди опозициската партија.

    „Груби велеше дека ова не е истата ЕПТИСА, да оваа ЕПТИСА од 2022 покрај тоа што е со целосно кинески капитал, а во целост водена од Кинези, бидејќи Кинез е главниот извршен директор. Не знаеме дали овие Кинези на Груби му личат на Шпанци, но знаеме дека го искомпромитира целиот проект и подобро е сега да се поништи постапката за надзорот и да се избере нов, отколку подоцна сите да ги платиме последиците кои може да дојдат.

    Ова е единствен случај во светот каде кинеска компанија ќе контролира американски гигант. За какви криминални врски станува збор со владата на Груби и Ковачевски?“ – праша денеска ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

    Груби и Ковачевски со изборот ма ЕПТИСА одат во целост против ставот на Американската администрација, искажан од државниот секретар Мајк Помпео при неговата посета во Охрид, кој гласи: „Сакам да ве предупредам за учеството на Кина во чувствителни технологии и нивната стратегија за подмитување при обезбедување зделки“.

    Груби и Ковачевски и овозможија на кинеската ЕПТИСА да има увид на технологиите на Бехтел. Дали за тоа се подмитени, како што кажа државниот секретар Помпео, мора да истражи обвинителството.

    „Дали заради финансиски бенефит Груби и Ковачевски, од негативна референца, односно одлука на влада дека ЕПТИСА е криминална, неетичка и несоодветна донесена во 2020 година, во 2021 година го менуваат ставот и и даваат лиценца за надзор на објекти од прва категорија, како што се железници и патишта?“ – праша ВМРО-ДПМНЕ и покажа документ со кој Владата еднаш веќе ја прогласила ЕПТИСА за криминална.

    Ова е тој документ:

    ВМРО-ДПМНЕ бара Јавното обвинителство да отвори случај за изборот на надзорот и со големо внимание да ја земе предвид и изјавата на државниот секретар на САД, Помпео, кој предупредува на корупција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img