More

    Уапсен дилер на хероин и двајца зависници

    spot_img

    Полициски службеници вчера уапсиле дилер од Скопје и двајца нарко-зависници, кои конзумирале хероин во неговиот стан, информира МВР во Билтенот.

    По добиени сознанија дека подолг период продава дрога на зависници во Скопје, пропадници на повеќе полициски единици со судска наредба извршиле претрес во домот и други простории на Г.П.(45) од Скопје и притоа биле пронајдени и одземени хероин, дигитална вага, повеќе предмети со остатоци од хероин и повеќе други вредни предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела.

    Исто така, при претресот во домот на Г.П. бил затекнат и Д.Ж.(46) од Скопје. Двајцата биле лишени од слобода. Претходно, од слобода бил лишен и З.Д.(50) од Скопје, кој во текот на денот бил во домот на Г.П. и користел хероин.

    По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира МВР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img