Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (09.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 247 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 84 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за некористење сигурносен појас, шест мерки за возење под дејство на алкохол, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за недавање првенство на минување на пешаци, три санкции за непрописно престигнување и обиколување…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.