More

    Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ откри дека утре во Скопје ќе се сретне со својот косовски колега, Албин Курти

    spot_img

    Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ во интервју за Еј-Би-Си Њуз откри дека утре во Скопје ќе се сретне со својот косовски колега, Албин Курти. Тој изјави дека меѓу темите на разговор ќе бидат последните случувања на Балканот и француско-германскиот предлог.

    Во однос на иницијативата „Отворен Балкан” тој вели дека „нема никаква логика Косово да биде надвор од оваа иницијатива”.

    Абазовиќ го оцени односот со Курти како пријателски и коректен.

    Премиерот  на Црна Гора вчера се сретна со албанскиот предмиер Еди Рама каде што предложил следниот неформален самит на Отворен Балкан да се одржи во неговата земја. И Рама и Абазовиќ изразија поддршка за француско-германскиот предлог за Косово.

    Во однос на домашната политика, Абазовиќ вели дека не ги поддржува идеите на претседателот Мило Ѓукановиќ.

    – Тој е против иницијативи кои се прогресивни. Јас не сум поддржувач на таа политика, јас сум поддржувач на помирувачки и космополитски политики. Вака ја гледам иднината. Тие политичари си ги сменија сопствените принципи, а јас не ги сменив – изјави Абазовиќ.

    Тој не ја исклучува можноста за соработка со Ѓукановиќ, но за тоа рече дека постојат некои услови за кои не може да се преговара.

    – Секој кој ќе ја поддржи европската агенда, евроинтеграциите, концептот на политика и најдобрите можни односи во регионот е добредојден. А оној кој ќе го заштитува само сопственото богатство, кој ќе создава конфликти, тој не може да биде дел од политиката што јас ја презентирам. Доколку Ѓукановиќ е подготвен да се врати во оваа насока, тој е добредојден – додаде Абазовиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img