Во текот на изминатите 24 часа пријавено е дека едно лице од Струмица, на 71-годишна возраст починало од ковид-19 во болнички услови. Од направени вкупно 656 тестови регистрирани се вкупно 89 нови позитивни случаи, од кои 26 се реинфекции. Регистрирани сe и 125 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Досега во земјата се направени вкупно 2.161.598 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица со ковид-19 во земјава, од почетокот на епидемијата, изнесува 342.075. Бројот на оздравени пациенти е 331.865, на починати е 9.521, а бројот на активни случаи изнесува 689.