Судот им определи мерка притвор од осум дена на командирот и двајца затворски полицајци, за кои постои основано сомнение дека како службени лица, со умисла, преземајќи и непреземајќи дејствијата што биле должни да ги преземат му помогнале и му овозможиле на осуденикот Беким Мемети да избега од КПД „Идризово”.
-Надлежен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од страна на Министерството за внатрешни работи, презеде истражни дејствија против четворица припадници на затворската полиција, за како што инфомираат од Обвинителство, основано сомнение дека осомничените – командир на надворешно обезбедување и тројца затворски полицајци вработени во КПУ Затвор „Идризово” сториле кривично дело „Противзаконито ослободување на лице лишено од слобода” од чл. 373 в.в чл. 22 од Кривичниот законик – наведуваат од Обвинителството.
Обвинителството продолжува да ги истражува причините и мотивите кои доведоа до овој кривично правен настан.