55 санкционирани возачи на мотоцикли

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во текот на вчерашниот ден (18.04.2024) во периодот од 11.00 до 16.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 55 возачи. Од нив, 32 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 17 возеле без возачка дозвола… За време на контролата санкционирани се и 157 други видови на сообраќајни прекршоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Share This Article