Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (15.05.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 125 мерки, меѓу кои 16 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, четири мерки за користење на мобилен телефон при возење, три санкции за некористење на сигурносен појас…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.