More

    1.400 деца запишани во дуалните паралелки

    spot_img

    Министерството за образование и наука (МОН) заедно со локалната самоуправа и бизнис заедницата од денеска почна социјален дијалог за усогласување на уписните политики за средното стручно образование за учебната 2022/23 година, со цел зголемување на бројот на запишани ученици во средните стручни училишта, поттикнување на компаниите за пракса, но и промоција на дуалните паралелки.

    Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска пред почетокот на овој дијалог изјави дека станува збор за исклучително важен процес кој ќе се реализира во следните 20 дена.

    Тој смета дека средните стручни училишта можат повторно да бидат прв избор на средношколците само доколку во овој процес на социјален дијалог директно се вклучат самите општини, локалните компании и средните стручни училишта бидејќи градоначалниците, менаџерите на компаниите и директорите на училиштата најдобро знаат каде треба да се интервенира, за да обезбедат струки барани на пазарот на труд.

    -Колку е поуспешна оваа соработка и навреме се утврдуваат реалните потреби, толку побрзо ќе ја постигнеме посакуваната заедничка цел да обезбедиме стручен кадар што недостига, но и да ја зголемиме можноста за побрзо вработување на младите и веднаш по завршувањето на школувањето и нивното останување на местата каде што живеат и да придонесат за економски раст и развој на општните и на државата, рече Шаќири.

    Тој додаде дека пред овој дијалог МОН спреведе прашалник меѓу компаниите за заинтерсираноста да учествуваат во креирање на дуалните паралелки за учебната 2022/23 година.

    -На наше задоволство, околу 400 компании ни одговорија на прашалникот, а дури 90 проценти од нив се подготвени да примат ученици на пракса кај нив, со што директно ќе се вклучат во создавање на поквалитетно стручно образование, од кое ќе излезат добро обучени кадри кои се подготвени веднаш да започнат со работниот прцес – додаде Шаќири.

    Ова е втора година МОН  да иницира дијалог на локално ниво во соработка со Швајцарската амбасада и  покажа успешен резултат во 2020/21 година. Бројот на дуални паралелки од 11 се зголемил на 97, со вклучени над 200 компании.

    Според министерот, радува и падатокот што од вкупно 10.683 ученици запишани во средното стручно образование во учебната 2021/22 година, 1.400 ученици го избрале дуалното образование. Како што рече, меѓу најбараните струки се машинска, електротехничка, хемиско-технолошката, економско-правната..

    Извршниот директор на Стопанската комора, Антони Пешев изјави дека уште од 2007 година е јасно оти она што се случува со средното образование и генерално со образовниот систем во државата не одговара на потребите на компаниите.

    -Меѓутоа, самиот факт дека тоа ние сме го евидентирале и сме го виделе не беше доволен, за нас беше потребно да се изгради свест во државата и да се направат неколку клучни предуслови. За овој процес се потребни повеќе аспекти – рече Пешев.
    Првиот, како што рече, е да економијата, која иницира ваков тип на образование, да ги прифати кадрите кога ќе завршат со средно образование и да им даде коректна позиција во рамките на компаниите и покрај тоа што немаат високо образование.
    Втората категорија, посочи, е средните училишта тоа да го следат и да обезбедат кадар кој ќе биде спремен да влезе во процесот на обезбедување на кадри, и третиот аспект е државата како носител на образовната функција да го прифати тоа и во образовните програми е спремна да ги модификува кон потребите на реалната економиј, а каде тие млади луѓе треба да се вработат.
    – Во 2007 година, пред 15 години, е започнат во Комората овој процес, во последно време гледаме дека и останатите економски асоцијации го поддржуваат. Она што е битно е дека ние не работиме само на она што е директна комуникација со Владата, работиме и на надворешни спонзори, оваа година осум средни училишта и преку 30 компании добија поддршка за опремување на средните училишта со технологија, лаборатории, и со нешто што е потребно за да младите луѓе кои учат таму бидат спремни за предизвиците на работата веднаш по завршувањето на средното образование – рече Пешев.
    Според него, денес е јасно дека детето е успешно, ако веднаш по завршувањето на училиштето најде работа и биде платено за тоа коректно.
    -Ве уверувам дека салата  следната година ќе биде преполна зошто ќе сакаме да има што е можно повеќе средни училишта, локални самоуправи и компании присутни на овие настани бидејќи така обезбедуваме реална суштински употреблива млада полуцација која ќе има причини да остане во државата – додаде Пешев.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img