More

    Џо Бајден е позитивен на коронавирусот

    spot_img

    Американскиот претседател Џо Бајден е позитивен на коронавирусот, објави во четвртокот Белата куќа, додавајќи дека тој има „многу благи симптоми“.

    „Тој е целосно вакциниран и прими две дози и има многу благи симптоми“, рече неговата портпаролка Карин Жан-Пјер во соопштението.

    Таа додаде дека Бајден (79) почнал да се лекува со антивирусен лек Паксловид.

    Жан-Пјер појасни дека претседателот ќе оди во изолација во Белата куќа и ќе продолжи да ги извршува сите свои должности за тоа време.

    Медицинската служба ќе ги извести сите контакти на Бајден во текот на денот, вклучително и пратениците кои патуваа со претседателот во средата.

    Белата куќа ќе обезбедува дневни ажурирања за здравјето на претседателот, додаде Жан-Пјер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img