More

    Џафери ја одбил иницијативата затоа што е спротивна на Уставот

    spot_img

    Претседателот на Собранието, Талат Џaфери Претседателот ја одбил иницијативата поднесена од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со образложение дека е спротивна на уставот.

    Од собраниските служби потврдија дека Џафери, денеска ја примил Граѓанската иницијативата за распишување на задолжителен референдум на државно ниво, за престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија (објавен во Службен весник бр. 12/2018 од 18.01.2018 година) и на истата доставил одговор до овластениот предлагач Проф. Д-р Христијан Мицкоски.

    – Согласно член 60 став 1, алинеја 5 од Деловникот на Собранието, ве известувам дека граѓанската иницијатива за распишување задолжителен референдум на државно ниво, за престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, не е во согласност со член 118 од Уставот, како и со членот 8, став 1, алинеја 11 од Уставот – стои во одговорот од страна на Џафери до предлагачот Мицкоски.

    Претседателот на собранието понатаму објаснува дека според членот 118 од Уставот е утврдено дека Меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со закон. Додека според членот 8, став 1, алинеја 11 од Уставот е утврдено дека темелната вредност на уставниот поредок на Републиката е и почитување на општоприфатените норми на меѓународното право.

    – Поради горенаведеното, доставената граѓанска иницијатива не е прашање по кое може да се распишува референдум на државно ниво – вели Џафери во одговорот до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img