Не постои друг начин како да се обезбеди поевтина струја во овој момент освен по пазарна цена на берза, поради големата флуктуација на цените, вели претседателот на Македонската енергетска асоцијација проф. д-р. Кочо Анѓушев.
Никој не се осмелува да даде фиксна цена за подолг временски период и таквата состојба ќе продолжи и во одреден период, се додека практично не се создаде ситуација во која ќе може да се нуди електрична енергија од сопствено производство. Само производителите можат да дадат гарантирана фиксна цена во одреден период, се друго е проблематично, вели претседателот на МЕА.
– Македонската економија троши 400 мегавати електрична енергија. Доколку некој сака да обезбеди годишна цена или да има годишни договори на година дена со фиксни цени, единствена можност тоа да се направи е преку берза, но за да се работи преку берза потребно е да се купи струјата за година дена однапред. Мора да сме свесни дека, за македонската економија да може некој да ја гарантира цената или да ја кредитира по фиксна цена однапред, потреби се околу една милијарда евра фиксна сума денеска. Но не постои субјект што тоа може да го обезбеди. Затоа сите нудат HUPEX цени и обезбедуваат електрична енергија врзана со плаќања кои ги сведуваат снабдувачите на брокери. Во меѓувреме индустријата има проблем што не може да ги формира цените на своите производи, бидејќи кога има варијабилна цена на некој од компонентите кои влегуваат во цената на чинење на производот на дневно ниво, не можете да се формира стабилна цена на производ – вели Анѓушев
Во овој момент во услови на раст и дневно флуктуирање на цената на електричната енергија на берза, најпогодени се компаниите кои во цената на производот имаат значаен удел не електричната енергијата, како во металургијата каде струјата учествува со околу 40 до 50% или во металната индустрија каде учеството е околу 15 %, но и други значајни дејности кои имаат сериозен удел во домашната економија и креирањето на БДП