More

    Ѓоковиќ: Не сум заборавил, но Австралија Опен е мојот омилен турнир

    spot_img

    Новак Ѓоковиќ пристигна во Австралија каде на турнирот во Аделаида ќе го има последниот тест за Австралија опен во Мелбурн.

    Српскиот ас лани не настапи на првиот Грен слем сезонава, по вистинската голгота што ја издржа бидејќи не беше вакциниран. Потоа му била дадена специјална дозвола за влез во земјата, но таа брзо била повлечена.

    На крајот, тој помина одредено време во притвор, а на крајот беше депортиран од Австралија, со тригодишна забрана за влез.

    „Никогаш не можете да ги заборавите тие настани, тие секогаш остануваат длабоко во вас. Така ќе биде до крај. Порано го немав тоа искуство, се надевам дека нема повторно, но тоа беше интересна животна лекција“, изјави Ѓоковиќ.

    Сепак, петторангираниот играч во светот и сопственик на 21 Грен слем титула вели дека не сака да се навраќа на она што се случувало во минатото.

    „Сега се вратив во Австралија и сакам да зборувам за тоа како се чувствувам за оваа земја и како се чувствувам кога играм овде. Луѓето се прекрасни, го сакаат тенисот, го сакаат спортот. Се надевам дека се ќе биде позитивно. Се надевам на добра комуникација со публиката“, изјави Ѓоковиќ.

    Ѓоковиќ во Мелбурн девет пати го крена пехарот наменет за победникот.

    „Тоа што се случи пред 12 месеци не може да ги избрише сите прекрасни моменти што ги доживеав овде. Австралија опен е мојот омилен Грен слем и резултатите го покажуваат тоа“, заврши Ѓоковиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img