More

    Шпанија намерно загубила од Јапонија

    spot_img

    Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и мексикански репрезентативец Уго Санчес изјави дека Шпанија намерно загубила од Јапонија (2-1) на Светското првенство во Катар за да избегне евентуален дуел во четвртфиналето против Бразил. 

    Шпанија во последното коло во групата Е со пресврт загуби од Јапонија и како второпласирана во групата во осминафиналето ќе игра против Мароко. 

    – Не бев таму, не сум во главата на селекторот на Шпанија, Луис Енрике, но, тој сигурно размислувал која е формулата да се избегне Бразил. Многу ризикуваше, но таков беше влогот – изјави Санчез. 

    Како што пренесуваат шпанските медиуми, Санчез, кој од 2007 до 2008 година беше селектор на Мексико, рече дека Енрике никогаш нема да признае дека намерно загубил натпревар. 

    – Никогаш тоа нема да го рече. Ние тренерите никогаш нема да признаеме дека сме дозволиле да нè победат. Тука станува збор за тоа дали одлучил „мојот избор е подобро да загубам“ – додаде Санчез.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img