More

    Шолц, Макрон и Путин разговараа 75 минути, но не кажаа што договориле

    spot_img

    Германскиот канцелар Олаф Шолц, претседателот на Франција, Емануел Макрон и рускиот претседател Владимир Путин денеска имаа телефонски разговараа за Украина.

    „За време на 75-минутниот разговор федералниот канцелар и францускиот претседател повикаа на итен прекин на огнот во Украина и да почне да се бара дипломатско решение за конфликтот“ , се наведува во соопштението на германската Влада и се наведува дека било договорено да не се изнесуваат повеќе детали за телефонскиот разговор.

    Во соопштението на Кремљ се истакнува дека тројцата лидери разговарале за прашања поврзани со договорите што се разработуваат за исполнување на барањата на Русија за Украина.

    „Претседателот на Русија детално зборуваше за серијата разговори меѓу руските и украинските претставници, кои се одржаа изминатите денови во видео формат. Во таа насока, лидерите на трите земји разговараа за некои прашања поврзани за изработката на договори за спроведување на познатите руски барања. Договорено е да се продолжат контактите за украинските прашања“, се посочува во соопштението на Кремљ.

    Исто така се наведува дека Путин апелирал Макрон и Шолц да влијаат врз акциите на Киев против цивилното население.

    „Конкретно, беа наведени бројни факти за грубо кршење на меѓународното хуманитарно право од страна на украинските безбедносни сили, вонсудска репресија на противниците, земање заложници и употреба на цивили како жив штит, поставување тешко оружје во станбени области во близина на болници, училишта, градинки и слично“, соопшти Кремљ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img