More

    Шокантна снимка од легенда фатена во земјотрес

    spot_img

    Легендарниот поранешен голман на Фенербахче и турската репрезентација, а денес тренер на Хатајспор, Волкан Демирел се јави во живо преку Инстаграм и побара помош за жителите по разорниот земјотрес што синоќа го погоди југот на Турција и северот на Сирија.

    Демирел се нашол во Хатај, град на самиот југ на Турција долж границата со Сирија каде епицентарот бил најблиску.

    Стотици луѓе загинаа, а илјадници беа повредени во разорниот земјотрес.

    „Овде сите се очајни, во Хатај сите умираат. Ве молам, ситуацијата е многу лоша. Не можеме да допреме до луѓето. Треба да помогнат, Господ нека е на помош“, го пренесуваат турските медиуми апелот за помош на легендата на Фенербахче.

    „Помош! Испратете ги сите ресурси што ги имате. Не се само Хатај и Антакија. Ве молам, во име на Бога, овде умираат луѓе“, низ солзи порача еден од најпознатите турски фудбалери.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img