More

    Шефот на ЦИА тајно го посетил Зеленски еден месец пред да започне војната во Украина за да му рече дека се подготвува атентат врз него

    spot_img

    Шефот на ЦИА, Бил Бернс, тајно го посетил украинскиот претседател Володимир Зеленски еден месец пред да започне војната во Украина за да му рече дека се подготвува атентат врз него, пишува БизнисИнсајдер. Зеленски отпрвин не верувал дека ќе има војна, но набргу се „отрезнил“ кога дознал дека тој лично може да биде цел на нападите.

    Овие информации се изнесени во книгата на Крис Випл, која наскоро треба да биде објавена. Випл пишува за првите денови на американскиот претседател Џо Бајден и за неговиот мандат. Тој тврди дека американското разузнавање било толку детално што им помогнало на украинските безбедносни сили да спречат два руски обиди за атентат на Зеленски.

    Бајден му наложил на шефот на ЦИА  „да сподели прецизни детали за руските заговори“.

    „Бернс дојде да го врати (Зеленски) во реалноста“, напишал Випл во книгата насловена „Борбата на неговиот живот: внатре во Белата куќа на Џо Бајден“ .

    Според книгата, Бернс, кој беше американски амбасадор во Русија од 2005 до 2008 година, му дал на Зеленски и детали за плановите за руската воена офанзива. Авторот не ги идентификуваше неговите извори, велејќи дека неговите интервјуа биле направени под услов тој да остане анонимен.

    Во првите денови од војната се шпекулираше дека специјалци на платеничката група „Вагнер“ трагале по Зеленски при нападот на Киев. Кремљ ги демантираше овие наводи.

    Патувањето на шефот на ЦИА била во време кога Зеленски јавно ги отфрлал американските тврдења дека Русија е подготвена да го нападне Киев и тврдел дека предупредувањата создаваат „паника“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img