More

    Чудо во Киев: Хирурзи извадиле неексплодирана граната од телото на војник

    spot_img

    Неексплодирана граната е извадена од телото на украински војник во исклучително тешки услови во Киев, потврдија високи функционери во Киев.Хирурзите ја отстраниле експлозивната направа веднаш под срцето на повредениот војник, а двајца војници се погрижиле операцијата да биде безбедно спроведена, изјави Хана Малиар, заменик министер за одбрана на Украина. Таа објави и фотографија на која се гледа рендген од граната во телото на војникот.

    „Воените лекари извршија операција за отстранување на неексплодирана граната VOG од телото на војникот“, напиша таа во објавата на Фејсбук.

    Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, рече дека тим саперси ја неутрализирале муницијата и ја опиша постапката како една од оние „што ќе влезе во медицинските учебници“.

    Операцијата беше изведена без употреба на електрокоагулација – вообичаен метод за контролирање на крварењето за време на операцијата – бидејќи гранатата може да детонира во секое време, рече Малиар.

    Една слика покажува хирург кој држи експлозив по операцијата.

    Во меѓувреме војникот е испратен на понатамошна рехабилитација и опоравување.

    Рано во четвртокот Герашченко на Телеграм напиша дека неексплодираниот дел од гранатата е изваден од под срцето.

    Гранатата не експлодирала, но останала експлозивна“, рече тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img