Фолк-пејачката Сузи Анѓелковиќ доживеа семејна трагедија, почина нејзиниот 24-годишен син Робертино Илиевски.
Оваа тажна вест ги остави во неверување нејзините пријатели и колеги од музичката сцена, кои ѝ изразуваат сочувство.
Сузи сподели фотографија со синот на која напиша: „Зошто синко зошто?“.
Робертино Илиевски (24), родум од Македонија, кој завчера вечер удри во дрво покрај улица во Власотинце, починал во Клиничкиот центар во Ниш. Робертино се здобил со тешки повреди од несреќата.
„Слушнавме силен тресок и кога излеговме на улица го видовме автомобилот, смачкан до половина од предната страна. Веднаш повикавме итна помош и полиција“, изјавиле очевидци.
Сузи Анѓелковиќ е од Власотинце и повеќе од две децении е пејачка на народна музика во Србија и Македонија.
Сузи сними неколку песни на македонски јазик.
ФОТО: Фејсбук/Инстаграм