More

    Фатиме Фетаи, Тупанчевски и Нанев на удар на Антикорупциска и ДКСК

    spot_img

    Вишата обвинителка Фатиме Фетаи, министерот за правда Никола Тупанчевски и претседателот на Основниот суд во Кавадарци, Лазар Нанев, се најдоа на тапет во јавноста откако се шпекулираше дека на државен трошок биле во Палермо за да го следат натпреварот меѓу Македонија и Италија. Тројцата ги демантираа гласините, велејќи дека сами ги покриле трошоците за да седат во ложата на стадионот „Ренцо Барбера“.

    Еве што тие Фатиме Фетаи изјави за „Фокус“:

    – Пред сѐ, сакам да им честитам на нашите фудбалери и на сите граѓани кои се радуваат на победата на нашата држава за многу значајната победа над Италија и да посакам иста таква да оствариме и во Португалија. Секако дека трошоците поврзани со следењето на натпреварот (овој и на другите) сама ги покривам. Да се радуваме заеднички на овој и те како заслужен успех – изјави Фетаи, веднаш штом пристигна во Скопје.

    Тупанчевски, кој беше прозван и од Државната комисија за спречување на корупцијата(ДКСК) и од Антикорупциската комисија исто така ги отфрли обвинувањата:

    – Секако дека на свој трошок бев во Италија – изјави за „Фокус“ министерот, веднаш штом слета во Скопје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img