Дури 61 болница во Украина повеќе не работат поради руските напади, објави украинскиот министер за здравство, пренесува Би-би-си.
Министерот Виктор Лиашко изјави дека „терористите од земјата агресор“ уништиле или оштетиле 61 болница. Поради тоа, надлежните не можеа да ги обезбедат потребните медицински материјали на луѓето од првата линија на одбраната, со оглед на тоа што нема хуманитарни коридори.
Претходно министерот за одбрана Олексеј Резников изјави дека во руските напади биле уништени повеќе од 200 училишта, 34 болници и околу 1.500 станбени згради.
Во руското ракетирање била уништена болница во градот Изиум кај Харков, а персоналот и пациентите морале да избегаат од зградата која се уривала, соопштија украинските власти на официјалната веб-страница на Украина за известување за војната. Засега нема информации за жртви.