More

    Украинските трговци бараат да се укинат дозволите за извоз

    spot_img

    Украинската влада треба да ги укине дозволите за извоз на пченица бидејќи залихите се многу високи и продажбата нема да ги загрози резервите на храна, соопшти здружението на трговци УГА.

    Владата во март воведе дозволи за извоз на пченица, пченка и сончоглед, а две недели подоцна ги укина ограничувањата за извоз на пченка и сончогледово масло.

    Украина е еден од водечките производители и извозници на житни култури во светот и е најголем извозник на сончогледово масло.

    „Украина има уште околу 12 милиони тони залиха, а помалку од три месеци не делат од новата жетва. Домашната потрошувачка може да изнесува околу 1,5 милиони тони“, се вели во соопштението на УГА.

    Тие додаваат дека „укинувањето на дозволите за извоз ќе го поедностави механизмот на извоз на пченица и ќе го ослободи капацитетот за складирање на новиот род“.

    Поранешниот министер за земјоделство Роман Лешченко, кој поднесе оставка поради здравствени причини кон крајот на март, рече дека земјоделците посеале вкупно 6,5 милиони хектари зимска пченица за жетвата во 2022 година. Тој не сакаше да ја прогнозира жетвата бидејќи, како што рече, „ситуацијата не е целосно стабилизирана“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img