More

    Украина оставена сама на себе

    spot_img

    Советникот за национална безбедност во Белата куќа, Џејк Саливан, истакна дека незапирливото зголемување на руски сили околу Украина укажува дека претседателот Владимир Путин може да даде наредба за воена акција „во секој момент“.

    Тој, исто така, укажа дека при напад врз Украина ако Русија намерно или ненамерно ракетира или навлезе кај некои од сојузниците, САД се спремни да возвратат со активирање на Членот 5 и „одбрана на секоја педа од територијата на НАТО“. 

    -Во текот на изминатите десет дена набљудуваме драматично забрзување во трупањето руски сили и нивна дислокација на таков начин што можат да почнат воена акција суштински кога и да било – изјави Саливан синоќа во интервју за Си-би-ес. Додаде дека Русите можат да го направат тоа „неделава, но секако, сеуште се чека на наредба“ од Путин.    

    Рече дека САД „неможат да ја предвидат точната дата или време“ кога би се случил такав напад. 

    Напнатоста меѓу Украина и Русија ескалира со разместените руски сили долж украинската граница кои сега бројат над 100.000, додека САД и западните сојузници го повикаа Путин да одбере дипломатија. 

    Москва засега негира дека има намера за инвазија на Украина, но постапките на раководството и огромната воена сила распоредана долж границата даваат поинаква слика.  

    Саливан тврди и дека руските медиуми ја подготвуваат јавноста дека е неизбежно Украина да нападне. 

    -Можни се тајни операции на руски разузнавачи со напад на проруските милитанти или на руски граѓани во источна Украина, а винaта за тоа да се фрли на Украина – додаде тој.

    Службени лица од администрацијата во Вашингтон минатат недела за повеќе медиуми посочија дека Русија „има на место 80 отсто од силите потребни за сеопфатна инвазија на Украина“. 

    Стејт департментот во саботата нареди вработените во амбасадата во Киев кои не се занимаваат со суштиснки активности да заминат од земјата. Саливан претходно ги повика американските граѓани итно да ја напуштат земјата, и предупреди дека „не се очекува армиска евакуација“ за оние кои решиле да останат.  

    -Ако се случи воена акција и почне војна меѓу Русија и Украина поради руската инвазија, претседателот Бајден нема намера да праќа американски сили да се борат против Русија во таа војна, повторно истакна тој. 

    Сепак, американските сили нема да војуваат во Украина во случај на руска инвазија на оваа земја, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

    -Претседателот Бајден јасно стави до знаење дека американските војници нема да водат војна во Украина – нагласи тој.

    Според Кирби, употребата на американските сили дури и за евакуација на американските граѓани од земјата „би го зголемила ризикот од погрешна проценка и би ја зголемила можноста за конфликт меѓу руските и американските сили“, што, според портпаролот на Пентагон, ситуацијата ќе ја доведе „до ново ниво“.

    Тој посочи дека конфликтот околу Украина сè уште може да се спречи, но времето истекува.

    Американската администрација не ја разгледува можноста за воведување превентивни санкции против Русија.

    Во меѓувреме, нова серија американско оружје пристигна во Украина.

    „Утринава два авиони со американска помош за брза реакција пристигнаа во Киев со цел да се зајакне одбраната на Украина. Тоа е дел од помошта вредна 200 милиони долари во муниција“, на Твитер јави американската амбасада во Киев.

    Украинскиот министер за одбрана, Алексеј Резников, на Фејсбук напиша дека од САД досега се испорачани 1.300 тони воен товар.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img