Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека ќе има два услови за крај на војната: Русија да се откаже од плановите за инвазија и да ги повлече своите војници од украинската почва.
Тој за индискиот информативен канал NDTV изјави: „За да се стави крај на војната во Украина, треба да се направат две работи – начинот на размислување во Кремљ треба да се промени, а силите како Индија можат да помогнат во тоа. Москва мора да се откаже од своите воени планови и да се префрли од воинственост на мирен начин на размислување. Второ, Русија мора да ги повлече своите сили од целата територија на Украина“, пишува Индекс.