Шпанија денеска со нов Закон ги поништи аристократските титули што диктаторот Франциско Франко и неговите наследници им ги доделиле на лојалните команданти и членови на семејствата.
Со мерката „Демократско сеќавање“ што стапи на сила денеска се укинати 33 благороднички титули, доделени на двајца од внуците на Франко, како и на потомците на неколку негови генерали, министри и други високи функционери.
Франко владеел со Шпанија од 1939 до 1975 година, по воен удар и тригодишна граѓанска војна што однесе 500.0000 животи.
Иако повеќето титули биле доделени од самиот Франко како награда за лојалност, со новиот закон се опфатени и пет личности на кои благороднички титули им доделил неговиот наследник, поранешниот крал Хуан Карлос Први и тоа во првиот месец од неговото владеење.