More

    Турски студенти во Македонија полнат шлепери со донации

    spot_img

    Група волонтери досега собралa над два шлеперa донации. Тие во текот на денот очекуваат уште толку донации за вечерва или најдоцна утре да тргне првиот дел на хуманитарна помош за Туркије. Поголемиот дел од волонтерите се студенти од Туркије кои студираат во земјава, а дел од нив ги изгубиле своите семејства или не добиле никаква информација за нив.

    – Ова го правиме сосема доброволно, целата собрана помош ќе се испрати во Туркије со помош на невладините организации коишто се поврзани со институциите и другите организации од Туркије. Во моментов, наполнивме два шлепера, денеска ќе стигнат донациите и од Охрид и од другите градови и во текот на денот се очекува да се соберат уште толку донации. Очекуваме вечерва или најдоцна до утре да тргне првиот дел на помошта – вели Биљал Џандемир, еден од волонтерите на пунктот отворен на плоштадот во Скопје.

    Се донираат ќебиња, пелени, јакни, чизми и други работи. Се внимава што помалку храна да се прими. Донации во финансиски средства не се примаат. За вакви донации, граѓаните се упатуваат тоа да го сторат преку официјалните институции.

    – Од тие што работат како волонтери, 95 проценти се студенти од Туркије кои студираат тука, но има волонтери Македонци, Албанци, Босанци. Голем број од студентите што ни помагаат изгубиле семејства, роднини во земјотресот или не можат да добијат никаква вест околу нив. Тие се обидуваат со сите нивни можности да помогнат – истакна Џандемир.

    Исто така информираше дека се отворени пунктови на неколку локации во Скопје како што се Старата Чаршија, Гази Баба, Рамстор и на други места.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img