More

    Тренчевска вели дека редовно се исплаќаат пари за материјални трошоци

    spot_img

    Не треба да се плашат ниту родителите, ниту општините дека може да се доведе во случај да нема парно во градинките. Парно ќе има и за граѓаните и за градинките, бидејќи Владата е одговорна, се грижиме за граѓаните и ја менаџираме енергетската криза, изјави министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

    Во одговор на новинарско прашање на денешната средба на Министерството за труд и социјална политика и Националниот совет за родова рамноправност, Тренчевска посочи дека греење за градинките и сите останати институции ќе има, како и дека градинките не се на индустриска струја, па со тоа, како што истакна, немаат големи сметки, а голем дел од нив се енергетски ефикасни, со што заштедуваат електрична енергија.

    -Покрај блок дотациите за платите, што МТСП ги исплаќа, префрлуваме средства за материјални трошоци. Меѓутоа, градинките си имаат сопствени средства, како доплатата на родителите за сместување на децата во градинките, така што одговорноста за плаќањето на комуналии, вклучително и сметките за електрична енергија е обврска на основачот на градинката, а тоа е Општината – додаде министерката.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img