Хрватскиот музичар Тони Цетински (53) на почетокот на кариерата имаше бујни кадрици, но со текот на времето тие се истенчуваа и тој практично остана без коса.
– Долго време имав желба да одам на трансплантација на коса и среќен сум што за тоа не морав да патувам надвор од границите на нашата земја. Навистина се радувам на резултатите – напиша Тони на Инстаграм по трансплантацијата на коса.
Сега како да му се вратија локните кои беа негов заштитен знак на почетокот на кариерата.
Додека беше на почетокот на кариерата имаше подолга коса која стана дел од неговиот препознатлив изглед.
По години губење на косата, Тони реши да преземе акција, односно да оди на третман, па неговата фризура сега повторно е дел од стилот.
ФОТО: Инстаграм