Усија започна тајна мобилизација на резервисти, тврди украинската армија во најновиот извештај од понеделник, а пренесува ББЦ.
„За време на изборот на кандидати, предност им се дава на оние кои имаат борбено искуство“, се вели во извештајот, во кој се наведени пет руски провинции и главни целни области.
Исто така, се вели дека Москва сака да мобилизира дополнителни 60.000 војници.
Русија не го коментираше украинскиот извештај, чија точност не е независно потврдена.
Претходно минатиот месец, рускиот претседател Владимир Путин рече дека нема да испраќа регрути или резервисти да се борат во Украина.