More

    Социјалните мрежи им помагаат на спасувачите

    spot_img

    Социјалните мрежи им помагаат на спасувачите да ги лоцираат и да ги спасат жртвите на земјотресот што синоќа ги погоди Турција и Сирија. Мрежите се преполни со повици од граѓани, па спасувачите се надеваат дека ќе успеат да стасаат навреме до сите преживеани под урнатините. Од уништените згради се слушаат повици на преживеаните кои ги повикуваат спасувачите на помош за да ги извлечат од под урнатините.

    Седумгодишното дете беше беше спасено од урната зграда во турскиот град Дијарбекир, откако седум часа беше под урнатините.

    Жена, која со часови била затрупана под урнатините, беше спасена благодарение на нејзина објава на Твитер. Откако видела дека никој не ги слуша нејзините повици за помош, жената која за среќа го имала својот телефон со себе, успеала да се фотографира како лежи заробена под урнатините и да ја објави фотографијата на Твитер. Под сликата напишала: „Чекам помош – Спасете ме, ве молам“

     

    За среќа, корисниците на социјалните мрежи брзо ги известиле спасувачите и им дале детални информации каде се наоѓа жената. Според последните информации, спасувачите успеале да ја лоцираат и да ја спасат жената.

    Повеќе од 1.000 луѓе загинаа, а илјадници се повредени во катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, кој во текот на ноќта ги погоди Турција и Сирија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img