More

    Социјалистите му го вратија мандатот на Радев

    spot_img

    Датумот на предвремените парламентарни избори ќе биде 2 април, најави денеска бугарскиот претседател, Румен Радев, во Софија.

    Шефот на бугарската држава претходно денеска го прифати вратениот неисполнет трет мандат од претставниците на „БСП за Бугарија”, по што тој експресно одржа средба со раководството на Централната изборна комисија (ЦИК).

    Организирањето на претстојните парламентарни избори мора да гарантира правичност и транспарентност на гласот и правата на граѓаните, истакна претседателот Радев на средбата во ЦИК.

    Претседателката на ЦИК, Камелија Нејкова, денескa пред пратениците во Народното собрание кажа дека ЦИК е подготвена да ги организира изборите на 2 април.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img