More

    Следната година ќе наплаѓа надоместок од 0,7 отсто за уплатени придонеси во прензиските фондови

    spot_img

    Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) следната година ќе наплаќа месечен надомест од 0,7 отсто од уплатените придонеси во секој пензиски фонд со кој управуваат друштвата. Моментално овој надоместок изнесува 0,8 отсто.

    Агенцијата, како што соопшти, добила согласност од Собранието, а намалувањето е резултат на пресметките за очекуваниот прилив на придонеси.

    „Пресметките на Агенцијата покажаа дека месечниот надомест за 2023 година, треба да изнесува 0,7 отсто од уплатените придонеси во секој пензиски фонд со кој управуваат друштвата. За очекуваниот прилив на придонеси беа користени проценки за прилив на придонеси во задолжителните и во доброволните пензиски фондови во 2023 година“, се наведува во соопштението.

    Согласно член 56 став (3) од Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување е пропишано дека Агенцијата наплатува ме­се­чен на­до­мест на то­вар на пензиските друш­тва­ најм­но­гу до 0,8 отсто од секој уплатен придонес во прет­ход­ни­от ме­сец во пен­зи­ски­те фон­до­ви со кои управу­ва­ат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img