More

    Села: Да се повлече иницијативата ако Србија не се дистанцира од Русија

    spot_img

    Поради тоа што Србија отворено политички и економски соработува со рускиот агресор, Отворен Балкан ризикува да стане Тројански коњ на Путин на Западен Балкан, напиша на Фејсбук лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.

    „Освен Белорусија, Србија беше единствената европска земја која не ја поддржа резолуцијата што Албанија и САД ја доставија во Советот за безбедност на ОН за запирање на руската агресија врз Украина. Истиот ден, во изопачен потег, премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи Бујар Османи го примија српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ во Скопје за да разговараат за спроведувањето на Отворениот Балкан. Со Србија која толку отворено соработува политички и економски со рускиот агресор, Отворен Балкан ризикува да стане тројанскиот коњ на Владимир Путин на Западен Балкан. Ова не смее да се случи! Затоа ја повикувам владата веднаш да се повлече од иницијативата Отворен Балкан сѐ додека Србија не се дистанцира од Путин и продолжи да ја поткопува независноста на Косово“, напиша Села.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img