Хрватската пејачка Северина Вучковиќ наполни 50 години, а на нејзиниот изглед можат да ѝпозавидат и многу помлади. Со оглед на тоа дека таа е некој кој исто така се грижи за својата фигура, внимава што јаде и редовно тренира, не е чудно што сè уште го носи епитетот на една од најзгодните пејачки во регионот.
Меѓутоа, овој пат вниманието не го привлече нејзината линија, туку нејзиното лице. Имено, пејачката летово одржа голем број настапи и воодушеви со својата енергија на сцената, но по концертот во Чазма на интернет почна да кружи скриншот од нејзината приказна на Инстаграм, во која Северина изгледа многу поразлично од вообичаено.
Пејачката има прилично подуени образи, поради што нејзините очи делувале поситни, а нејзината насмевка изгледала чудно. Секако, иако многумина ја коментираа во суперлатив, од друга страна, имаше многу повеќе кои велеа дека претерала со интервенциите на лицето.
„Како да ја изеделе пчели“, „Што ѝе со лицето“, „Изгледа на Џокерот“, „Убава жена е, но ова не ѝ треба“… ова е само дел од коментарите на разочараните обожаватели на пејачката.
Меѓутоа, кога се интервенциите во прашање, Северина досега само призна дека го корегирала носот.