Во моментов од Македонија се случува невидено иселување, масовен егзодус невиден во историјата на Македонија – рече на прес конференција Владимир Ѓорчев, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
– Само во првото полугодие на оваа учебна година испишани се 150 дена од училиштата во Штип и во Кочани. Во Куманово заминати се во странство 180 деца, нивни семејства и нивни родители. Од Тетово заминати се над 200 ученици. Во Прилеп за само едно полугодие оваа година заминати се повеќе од 130 деца. Ова е тажно, ова се ужасни бројки, ова е поразително.
Ова се новите деца бегалци во историјата на Македонија – рече Ѓорчев.
Тој додаде дека Македонија мора да застане на нозе и да води исправна политика за да си ги зачува децата таму каде што им е местото.