Членките на Г7 и земјите на НАТО одржаа итен состанок во Бали, Индонезија, каде што се на самитот на Г20.
На него присуствуваа американскиот претседател Џо Бајден, британскиот премиер Риши Сунак, германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон, канадскиот претседател Џастин Трудо, Урсула Фон дер Лејен (ЕУ), Фумио Кишида (Јапонија), Педро Санчез (Шпанија), Марк Руте (Холандија) Џорџо Мелони (Италија) и Чарлс Мишел.
Ројтерс пренесува дека новинарите го прашале американскиот претседател дали има коментар за настаните во Полска, на што Бајден рекол дека се уште нема коментар.
Веднаш по инцидентот, Соединетите Американски Држави и ветија на Полска помош на секој начин, вклучително и во деталната истрага околу експлозијата. Инаку, Полска ноќта од вторник кон среда потврди дека проектилите кои паднале во градот Пржеводов се од руско производство, но и дека немаат потврда кој ги испукал.
Американскиот претседател Џо Бајден во вторникот вечер имаше телефонски разговор со својот полски колега Анджеј Дуда.