More

    Се утврдува каде истреланите проектили паднале врз Полска, активиран е член 4

    spot_img

    Две лица загинаа во ракетна експлозија во Пржеводов, село во источна Полска во близина на границата со Украина. Полска ноќта од вторникот кон средата потврди дека ракетите се од руско производство, но и дека немаат потврда кој ги истрелал. И полската влада најави дека го подига нивото на подготвеност на воените единици, а светските лидери одржаа итен состанок.

    08:30 часот
    Русија: Некој се обидува да започне војна меѓу нас и НАТО
    Руската мисија во Обединетите нации денеска го повтори претходното негирање на Москва за вмешаност во експлозијата во Полска и потврди, без да обезбеди докази или конкретно да именува која било страна, дека инцидентот е обид да се вовлече НАТО директно во војната во Украина.

    Твитер
    „Фактите покажуваат дека Русија немала никаква врска со ракетите што ја погодија полска територија“, изјави првиот заменик постојан претставник на Русија во ОН Дмитриј Полјански на Телеграма. „Инцидентот во Полска е обид да се предизвика директен воен конфликт меѓу НАТО и Русија.

    08:27 часот
    Ердоган: Го почитувам негирањето на Русија за вмешаност во инцидентот
    Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека го почитува негирањето на Русија за вмешаност во истрелувањето на смртоносните ракети во Полска, но додаде дека инцидентот треба да се истражи, пренесува Си-Ен-Ен.

    „Сериозно ја сфаќаме руската изјава дека тие немаат никаква врска со тоа. Утрово се сретнав со германскиот канцелар Олаф Шолц и се согласивме дека е потребна дополнителна истрага“, рече Ердоган.

    08:15 часот
    Состанокот на Кси и Сунак е откажан
    Планираната средба меѓу британскиот премиер Риши Сунак и кинескиот претседател Си Џинпинг е откажана, соопшти Даунинг стрит, бидејќи распоредот на светските лидери бил променет поради настаните во Полска.

    08:10 часот
    Холандскиот премиер: Ова немаше да се случи да не беа руските напади
    Холандскиот премиер Марк Руте учествуваше на самитот на Г7 на Бали и повтори дека се обединети во ставот дека прво треба да се утврдат фактите и да и се помогне на Полска во истрагата за ракетната несреќа.

    „Едно е јасно: ова немаше да се случи ако не беа ужасните руски ракетни напади врз Украина. Ние продолжуваме да ја поддржуваме Украина во нејзината одбрана од руската агресија“, напиша Руте на Твитер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img