More

    Се огласи сестрата на Северина

    spot_img

    Семејната расправија помеѓу Северина и сестра ѝ нема крај. Пејачката беше приведена на аеродромот во Загреб но набрзо потоа пуштена.

    Досега се објавени различни верзии од расправијата. Откако нејзината сестра ја пријавила, Северина тврдела дека таа била нападнатата, а медиумите објавија фотографии на кои се гледаат повредите на пејачката. Мајката Ана застанала на страната на Северина велејќи дека Маријана фрлала низ станот.

    ПР-от на Северина за инцидентот вели дека Маријана и ги скинала ланчињата на пејачката од вратот и ѝ го скршила мобилниот телефон. Соседите во Сплит за медиумите изјавија дека Маријана се хистерично викала во зградата и за малку ќе искрварела.

    Сестрата Маријана Поповиќ за ТВ Дневник ја раскажала нејзината страна. Вели дека е во многу тешка состојба.

    – Исклучително сум потресена од убиствениот инстинкт на семејно насилство и не сакам да ги коментирам платените и срамни написи од именуваниот ПР тим. Тешко е за семејството со некој кој долго време консумира разни наркотици и не сака да подлежи на психолошка поддршка и третман. Проституирајќи ја својата личност медиумски на штета и имиџот на нејзиното семејство е уште еден девијантен психолошки пат на именуваната личност – рече Маријана и продолжи со подеднакво обвинителен тон.

    – Постојано напаѓање на семејството, наставници, социјални работници, поранешни партнери … Тоа не е чиста глава, а претходните четири месеци институциите не преземаа ништо по моја уредно писмена пријава и предупредување. Затоа ова синоќа беше резултат на напад поради несогледување на овие последици врз мојата претходна пријава до социјалниот центар Максимир и директорката Јасна Цесарец, МУП Максимир и ДОРХ“ – додаде сестрата.

    Маријана раскажа како во неколку наврати добивала заканувачки телефонски пораки. Таа вели дека ги доставила до сите институции.

    – Ова сега е резултат на нивното невнимание. Им благодарам на државните институции, Министерството за внатрешни работи на Хрватска, јавниот обвинител ДОРХ, што се одбранив од остар предмет и добив убодна рана од агресивно и психички сомнително лице. Да прободете член на семејството и да не повикате брза помош е намерата со која дошла да го направи тоа. Сиромашна земја е кога дозволува вакви луѓе вака јавно да се однесуваат – заклучи Маријана Поповиќ.

    Адвокатката на Северина Јасминка Билош синоќа изјави дека Северина не е уапсена и е на слобода. Таа даде изјава во полиција во врска со кривичната пријава што против неа ја поднесе нејзината сестра. А Северина ќе поднесе кривична пријава против нејзината сестра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img