Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата го повика Советот за безбедност на ОН да преземе акција против Русија за нападите врз цивилната инфраструктура кои повторно ги оставија украинските градови без струја и вода во време на зголемен студ.Русија ги погоди градовите ширум Украина со канонада од ракетни истрели, убивајќи десет луѓе, принудувајќи ги властите да ги затворат нуклеарните централи и прекинато снабдување со електрична енергија и вода на многу места.
„Само денес во еден ден бевме погодени од 70 ракети. Тоа е руската формула за терор. И нашата енергетска инфраструктура, болници, училишта, транспорт, населби, сè беше таргетирано“, рече Зеленски во видео обраќањето до Советот за безбедност.
Украина очекува „многу остра реакција“ од светот на воздушните напади, додаде тој.
Советот веројатно нема да преземе нешто, бидејќи Русија е членка со право на вето.
Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензија, се пожали дека видео обраќањето на Зеленски не е во согласност со правилата на Советот и ги отфрли „непромислените закани и ултиматуми“ од Украина и нејзините западни сојузници.
Небензија тврди дека штетата на инфраструктурата е предизвикана од украински противвоздушни ракети насочени кон руски ракети и го повика Западот да престане да го вооружува Киев со противвоздушни системи.
Киев беше една од главните цели во средата. „Денеска имавме зафатени три катни згради. За жал загинаа десет лица“, изјави министерот за внатрешни работи Денис Монастирски.
Целиот регион Киев, дом на три милиони луѓе, остана без струја и вода, изјави гувернерот.
Поголемиот дел од Украина ги имаше истите проблеми, а некои области воведоа намалувања за да се зачуваат енергетските резерви.