– Нема победници во нуклеарна војна и никогаш не треба да се води. Цврсто стоиме на таа изјава – рече Келин.
Интервјуто на рускиот амбасадор доаѓа во мигови кога Москва го повика британскиот амбасадор на разговор, поради тврдењата на руската страна за вмешаност на членови на британската морнарица во неодамнешниот напад врз руската Црноморска флота во близина на Крим.
На прашањето дали има докази за таквите тврдења Келин рече: „Совршено знаеме дека британските специјални сили учествуваа во обуката, подготовката и извршувањето на нападот против руската инфраструктура и руската флота во Црното Море. Знаеме што се случи”.
На инсистирањето на новинарот да презентира докази за тврдењата за вмешаност на британските специјални сили во нападот на Крим, Келин рече дека доказите ќе бидат објавени мошне скоро, „можеби и утре”.
Притоа предупреди на преголемата вмешаност на Велика Британија во конфликтот.